Утрово во Основниот суд 1 во одделот за прекршоци се случил тежок инцидент кога вработен во судот упаднал во судница на судија и почнал да му се заканува, дознава Досие. Настанот се случил во судницата на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, а лицето кое го нападнало е Горан Стаменковски раководител во судот и еден од луѓето блиски соработници на актуелниот претседател Иван Џолев.
Била повикана и интервенирала полиција. Бил известен и дежурен обвинител , од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија.
Ова не е прва пријава за насилство за Стаменковски. Тој беше актуелен во јавноста кога пред неколку месеци физички нападна вработена во судот исто така во канцеларија на судија. Тој беше соработник на Панчевски, но потоа му стана лут непријател.
Поврзани објави
Екс началник на УБК осуден на 6 години затвор за проневера на пари
Поранешниот шеф на кабинет на Сашо Мијалков и екс началник во Управата за безбедност и контраразузнавање, Тони Јакимовски…
Груевски: Камчев после три средби “се испазари ” со обвинителката
Екс премиерот Никола Груевски се уште не може да му го “прости” сведочењето на бизнисменот Орце Камчев, за…
Милошоски во ЈО: Mатеријалите се релевантни затоа што беа потврдени и од самиот Заев,
Пратеникот Антонио Милошоски во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја предаде и втората аудио снимка…
Јанкуловска за 5 минути ќе останеше без адвокати
Судијката Добрила Кацарска на судењето во издвоената постапка за предметот Тенк рече дека иако се уредно повикани и…