ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО : Неидентификувано летало над Скопје

Вечерва пред околу еден час над Скопје се појави невообичаена црвена топка. Со голо око се гледа дека е некој објект кој се издигна од теренот од Бардовци и се движеше нагоре кон небото. По една минути се изгуби во облаците. Иако во моментот во Скопје имаше интензивни врнежи од снег објектот се движеше брзо и на моменти застануваше.

За какво летало се работи не се знае.

Снимката е направена со мобилен телефон од Трно Дол , а белата точка која се движи е всушност црвената топка.

Слична појава имаше и пред околу два месеци од истата позиција се појави летало кое јако свети но не се слуша ниту звук ниту остава тага. Но тогаш движењето беше поинакво и некои стручни лица што ја видоа снимката, а dosie.mk ја има, претпоставуваа дека или е беспилотно летало или метеор.

Овој пат јачината на светлоста беше поинтензивна и се движеше нагоре.

Total
0
Shares
Поврзани објави