Во Белград утринава дојде до експлозија, а потоа избувна пожар. Порталот Б92 јавува дека експлодирала боца со гас, и дека притоа неколку лица се повредени.
Српското министерство за внатрешни работи потврдило дека се повредени пет лица, а екипи на брзата помош ги транспортирале повредените во болница. Според последните информации, едно лице било реанимирано.
Во моментов улицата каде што се случила експлозијата е затворена, а пожарникарите сè уште го гасат пожарот.
Еден од сведоците кои биле на лице место раскажала дека во 9 часот експлодирала боца.
„Имаше неколку повредени, само се облеков и излегов надвор. Беше катастрофа, се уплашив. Ни кажаа да се тргнеме на страна“, кажала Мартина Живковиќ.
Како што јавува српската телевизија Прва, експлозијата предизвикала голема материјална штета, и дека се уништени речиси сите локали во близина. Станарите на околните згради ги напуштиле своите домови и чекаат дозвола од властите кога можат да се вратат.