Италија ја губеше битката со Корона вирусот но ја доби Евровизија

Иако лани Евровизија беше откажана поради пандемијата со коронавирусот годинава Ротердем повторно домаќин на 65-тото издание на Евровизија. Во финалето беа изведени 26 песни од Кипар, Албанија, Израел, Белгија Русија, Малта, Португалија Србија, Велика Британија, Грција, Шварцарија, Исланд, Шпанија, Молдавија, Германија, Финска, Бугарија, Литванија, Украина Франција, Азербејџан Норвешка, Холандија, Италија, Шведска и Сан Марино.Германија, Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија и Холандија се земјите кои секоја година директно влегуваат во во финалето.

Годинава, според строгите правила, сите во публиката како и самите учесници беа подложени на тестирање. Победникот кој ја донесе Еврвизија во Холандија, Данкан Лоренс требаше да настапи во шоу програмата додека трае телефонскот и смс гласање, но неговите тест е позитивен, па беше емитуван неговиот настап од генералната проба од 13 мај, исто како и претставниците на Исланд.

Нашиот претставник Васил Гарванлиев на првата полуфинална вечер не успеа да обезбеди пласман за финалето. Но, Евровизија како и секоја година ја следат скандали.

Годинава, на мета се најдоа претставничките на Србија. Фановите на италијанскиот музичар Лука Маркана, со уметничкото име „Ака 7Евен“, објавија линкови до неговата песна „Лока“ во коментарите под најавите за групата „Hurricane“, тврдејќи дека Ксенија, Сања и Ивана ја украле песната. Како аранжер на песната е и нашиот композитор Дарко Димитров. Сепак, медиумите открија дека песната на претставничките на Србија е објавена многу порано пред песната на Лука. Настапот на србинките на втората полуфинална вечер за само 24 часа на Јутјуб, имаше 3,6 милиони прегледи и е прва песна од подрачјето на Балканот што го постигнала тој рекорд.

На финалето гласаа и оние земји кои не влега во финалето. Прв гласаше Израел, а Швајцарија ја доби првата 12ка. Македонското жири 12 поени и даде на Србија, а гласовите ги соопшти Ване Марковски.Борбата за победничкото место се водеше меѓу Швајцарија, Франција и Италија. Италија и Исланд, по гласањето на сите земји учеснички. Според гласовите од телевоутингот и публиката, нула поени освоија Велика Британија, Германија, Шпанија, домаќинот Холандија, а ситуацијата се промени кога Финска изби на првото место, а потоа приматот го презеде Украина, потоа Исланд, по него Италија која остана да се бори за првото место со Швајцарија, која сепак не доби доволно поени да ја престигне Италија. Но, на крајот Италија убедливо триумфираше со 524 поени. Манескин победија со песната „Заќути и тоа добро“. Тие победија и на годинешното издание на Сан Ремо со што обезбедија и учесто на Евровизија која догодина ја носат во Италија.

Total
0
Shares
Поврзани објави