„Носете се во мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди без никаков багаж и тежина, сосе шарената ваша Влада“! Ова го напиша фолк пејачот Наум Петрески на официјалната страна на Фејсбук на Зружението на естрадни уметници на Македонија, а коментарот потоа беше избришан.
Наум е изнервиран што, како што вели, еден куп таканаречени естрадни уметници добиле помош за ништо, а тој не, го одбиле бидејќи се водел како вработен.
Го побаравме Наум за коментар, кој иронично се изнасмеа и ни рече:
-Да бе, вработен сум. Фирмата е во мирување, не работи веќе три години. Кога го отовривме ресторанот ја отворивме и фирмата, која функционираше само седум месеци. Не сум вработен, но нашле рачка за да не ме исплатат“, вели Петревски.
Тој смета дека помош доболе куп други пејачи кои не се никакви уметници.
„Од тие 60 што Владата им исплатила надомест, дали 10тина се вистински пејачи, друготе се свадбари. Имаат песни што никој не им ги знае насловите на песните, а не да им ги запеат. И никогаш никаде не ја претставувале државата. Тие заслужуваат, јас не?! Јас , заедно со Ансамблот „Танец“ над 20 културни центри на Македонија низ светот, преку амбасадите имам отворено. Епа ако е така, зошто тогаш не ги викаа свадбариве, изјавил за порталот ММС.мк, Петревски.
Државна помош не добил ниту Ферус Мустафов, бидејки бил пензионер.
MMS.MK дозна дел од имињата на естрадните уметници кои по неколку основи имаат добиено надомест, а тоа се Јасмина Гуњова, Спасен Силјановски, Марјан Коцев, Ѓоко Танески, Антонија Гигвоска, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Татјана Стефановска, Дамјан Стојановски, Влатко Миладиновски, Милован Секулоски, Анета Наковска и други. Р.Д.