ЕУ ветува 9 милијарди евра за економско закрепнување на Западен Балкан

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеи вели дека Европската комисија ќе одвои до 9 милијарди евра за економскиот развој и закрепнување на балканскиот регион. Вархеј најави дека парите ќе се потрошат на инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција.

„Граѓаните на Западен Балкан се дел од Европа и имаме заеднички интерес да им помогнеме на овие шест партнери да се движат напред на нивниот пат кон ЕУ, рече тој.

Тој смета дека економски и инвестициски план ќе ја потикне регионална економска интеграција и ќе ја забрза конвергенцијата со ЕУ затворајќи го јазот во развојот меѓу регионите.

Според него, заедно со реформите, планот ќе го трансформира Западен Балкан во еден од најатрактивните региони за инвестиции во светот.

Total
0
Shares
Поврзани објави