Малолетник и 33-годишна жена загинале во сообраќајна несреќа вчера на патот Крушево – Кривогаштани

Две лица загинале во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани, на местото викано Студена вода, која во полиција била пријавена во 17 часот.

Како што информира Министерството за внатрешни работи во денешниот Билтен, загинале еден малолетник и 33-годишната Џ.С. од прилепското село Канатларци. Тие биле сопатници во патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од село Канатларци, кое излетало надвор од коловозот.

По несреќата, повредените Џ.С. и малолетниот сопатник биле пренесени во Општата болница Прилеп. Жената им подлегнала на повредите во прилепската болница, а малолетниот бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но починал при транспортот, а смрт констатирал лекар.

Возачот С.С. и уште двајца малолетни сопатници во несреќата се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

Total
0
Shares
Поврзани објави