Фатени 200 килограми марихуана на „Блато“ кај Дебар

На граничниот премин „Блато“ на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

– Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Северна Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија. Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Арсовска ќе покрене кривична постапка против Цементарница „Усје“ – испуштала трипати повеќе штетни гасови од дозволеното

Градоначалничката Данела Арсовска ќе покрене кривична постапка против Цементарница „Усје“ поради тоа што не се придржувала кон прописите за заштита и унапредување на животната…
Повеќе

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на…