Фетаи се откажа од обвинението против Рангелова и уште двајца обвинети во „Шамарите во Центар“ – за останатите настроги казни

Обвинителката Фатиме Фетаи, се откажа од обвинението против тројца од обвинетите во случајот познат како „Шамарите во Центар“: поранешната пратеничка Даниела Рангелова, која беше советничка во Општина Центар за време на насилствата на протестите летото 2013, како и Милан Андоновски и Борче Богдановски.

Во случајот обвинети остануваат 7 лица од вкупно 14 кои беа опфатени на почетокот со обвинението. Првообвинет останува експремиерот Никола Груевски кому му се суди во отсуство, поранешниот министер Миле Јанакиески, како и лица учесници во протестите, меѓу кои е и Александар Трајковски.

Total
0
Shares
Поврзани објави