Министерот за здравство Венко Филипче инсистира на носење маски на отворено за да се намали бројот на заболени со корона вирусот бидејќи времето ќе залади, а воздухот е позагаден.
„Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во која има носител на вирусот и да се избегне штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето“, убедува Филипче.
Тој вели дека стручните лица утврдиле дека маски на отворено мора да се носат за да се спречи трансмисијата на вирусот.