Филипче најавува враќање на полицискиот час наесен?

Враќање на рестриктивните мерки, односно полицискиот час, затворање на угостителските објекти, забрани за собири, во градови каде бројот на заразени е висок, најавува министерот за здравство, Венко Филипче, во пресрет на есенскиот период, кога се појавува и сезонскиот грип.

„Здравствениот систем се подготвува за лоши сценарија што значи поголем број пациенти и од сезонски грип кои би ги окупирале истите одделенија на кои сега лежат пациенти со Ковид. Се надевам дека граѓаните ќе имаат свест и ќе ги почитуваат мерките, се надевам нема да има вакво сценарио. Имаме план за дополнителни рестрикции согласно со некои мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик“, истакна Венко Филипче.

Инаку, во изминатово деноноќие регистрирани се 87 новозаразени од вкупно 1156 тестирања. 5 пациенти починале, а 51 ја добиле битката со коронавирус. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави