Филипче, не треба полициски час туку да се спречат групирањата

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека воведување полициски час во моментов нема да има никаков ефект.

„Рестрикција во движењето, во смисла на полициски час сега сметаме дека нема да има никаков ефект“, изјави Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност.

Тој вели дека сега треба да се превенираат групирањата и тоа што задолжително треба да се прави е да се носат маските и на отворено и во затворено.

„Тоа се основните принципи за превенција на ширење на вирусот“, рече Филипче.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Инциденти и судири во српското Собрание, фрлени димни бомби и солзавец, пратеничка се бории за живот по мозочен удар повредена бремена пратеничка

Седницата на Народното собрание на Србија, на која се очекуваше претставниците да ја констатираат оставката на премиерот Милош…