Филипче предупреди дека состојбата со пандемијата е критична

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа оцени дека состојбата со коронавирусот е „сериозна и критична“, нагласувајќи дека притисокот врз болниците и медицинскиот персонал е огромен.

„За жал, досега имаме најголем број на смртни случаи, 22 пациенти ја загубија битката со ковид-19. Регистрираме рекордни 30 проценти позитива од испитаните лица, а скоро 600 пациенти се хоспитализирани во заразни одделенија“, напиша Филипче на Фејсбук.

Тој ги повика сите граѓани на максимална индивидуална одговорност и почитување на сите мерки на заштита.

„Ве молам, сфатете многу сериозно дека секој од нас зависи од тоа како ќе го надминеме овој бран. Очекувам дека сите мерки и законски измени (неопходни за воведување на нови ограничувачки мерки) ќе бидат донесени итно и по скратена постапка“, напиша Филипче.

Македонското Собрание на дневен ред ги измените на Законот за здравствена заштита на населението од заразни болести со кои ќе биде задолжително носење маска на отворено, се забранува групирање на отворено после 22 часот и се ограничува бројот на гости во домовите на 4 лица.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Милошоски со порака од Инфективна клиника: Јас сум добар, благодарност до мединицскиот персонал кој се грижи за мене

Почитувани пријатели, денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.Други симптоми…