Во моментов се трансплантира срце

трово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

На двајца пациенти, пак, ќе им се трансплантираат бубрези. Медицинскиот тим ги започнал подготовките синоќа откако семејството на мртвиот донор дало согласност да се донираат органите.

Филипче предмалку се огласи и по вторпат соопштувајќи дека експлантацијата на бубрезите е завршена, а сега се прави експлантацијата на срцето, по што ќе бидат трансплантирани кај пациентите.

„Во тек е експлантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти. Да се надеваме на успех и да им држиме среќа“,

соопшти Филипче.

Првата трансплантација на срце во земјава се случи лани во мај. Срцето на починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53-годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше.

Во април годинава, пак, се направи втората трансплантација. Донор беше младата Верица Белчовска која загина во сообраќајна несреќа. Исто така беше направена трансплантација и на бубрезите, но и на коските.

Total
0
Shares
Поврзани објави