Филипче предупреди, на чекот сме пред воведување полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче повтори дека засега нема потреба за строги рестрикции на движењето.

„Најризични мини жаришта во моментов се градот Скопје и неколку околни општими, потоа Штип и Струмица. Ја следиме епидемиолошката ситуација во целата земја. Засега ќе нема рестриктивни мерки, и веруваме дека овие мерки дека ќе дадат резултат“, рече Филипче.

Тој предупреди дека ситуацијата е сериозна и следен чекор ако не се почитуваат мерките би било целосно ограничување на движењето, односно полициски час.

„Да собереме сили да го избегнеме тоа, доаѓаат уште поладни зимски месеци. Верувам дека граѓаните се веќе свесни, секој ден ги објавуваме статистиките. Ова е последниот чекор пред воведување полициски час“, порача тој.

Според него, и искуствата од другите земји не се разликуваат многу од нашите препораки.

„Се се сведува на рестрикицја на контакти, прекин на групирање и носење на маски. Во целиот свет се прави таква комбинација. Во таа смисла не се разликуваат принципите на кои ние пристапуваме“, додаде Филипче.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Русија пронајде лек за корона

Нов лек кој може да помогне во ублажување на најсериозните компликации предизвикани од коронавирусот регистрирале руските научници. Според…