ФОТО – Девојче искасано од ротвајлер,се бара кучето што напаѓа во Ново Лисиче

Раните на фотографиите се на девојче од скопската населба Ново Лисиче кое сношти заедно со уште шест деца и двајца возрасни беа искасани од куче ротвајлер. Девојчето го спасила жена со голи раце која се борела со кучето да го оттргне девојчето. Девојчето со тешки повреди е однесено во болница каде се санирани тешките рани по телото. очевидци велат дека глетката била грозна и стравична.
– Ротвајлер наеднаш нападна две деца 7-8 годишни и една жена. Таа падна на земја и се вртесе по тревникот да се тргни од забите на кучето. Врескаа и децата и жената. Некако жената го задржа кучето и децата побегнаа со трчање да се спасат но кучето успеа да се оттргне и да истрќа пак кон децата. Нападна и други кои о близина играа кошарка. Се стрчаа и возрасни да го тепаат и удриаат ама тоа бесно ги касаше по нозете, раскажуваат очевидци.
Се уште не се знае чие е кучето и дали има беснило или е агресивно подготвувано за борби со кучиња. Во Македонија одамна не е регистриран случај на беснило кај кучиња , а полицијата треба да истражи чие е кучето и да поведе кривична постапака за сопственикот доколу успее да го пронајде.

Total
0
Shares
Поврзани објави