Фото : Изгоре куќа во струмичко Пиперово

Синоќа околу 01:00 часот по полноќ избувна пожар во семејна куќа во селото Пиперево – информираат од Противпожарната единица на Струмица.

Пет пожарникари со едно противпожарно возило учествуваа во едночасновното гаснење на пожарот, во кој за среќа нема повредени, но е направена голема материјална штета. Уништена е целата покуќнина и самите простории. Дополнително ќе се утврдува причината за тоа како настанал пожарот.

фотографите се сопственост на порталот strumicanet.com

Total
0
Shares
Поврзани објави