Фото: Од операционата сала во Кардиохирургија- успешно пресадување на срце

Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..На Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” !
Честитки Господа !!! – д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео: Како се трансплантираше срцето на Емилија, како работеше медицинскиот тим предводен од кардилогот д-р Сашко Јовев

По успешната трансплантација Иван утринава се рабуди со новото срце. Сега следува најважниот период од неговото закрепнување дали…