ФОТО: Велешко, ден потоа што остави пожарот

По 11 часа дивеење на огнената стихија, доцна синоќа, околу 22:30 часот е изгаснат големиот шумски пожар над велешкото езеро „Младост“.

Во гаснење на огнот кој пламнал околу 11:40 минути од правец на Скопје, а кој брзо се префрлил кон велешкото езеро „Младост“ и ја зафати боровата шума, освен ТППЕ од Велес се вклучиле и пожарникари од Неготино, Свети Николе, Штип, Кавадарци и Скопје, припадници на АРМ, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и ЈКП „Дервен“, а од воздух се гаснеше со два авиони на ДЗС и еден хеликоптер на АРМ. Поради сериозноста од ширење на пожарот бил вклучен и противпожарниот воз на ЈП „Македонски железници“ кој најизменично гаснел на двете страни од пругата. Од Јавното претпријатие информираат дека поради пожарот не сообраќал возот Велес-Кочани, а нема да сообраќа ни утринскиот бидејќи изгорени се и стотина прага од железничката пруга на оваа делница.

Метеријалната штета е голема, но голема е и штетата по животната средина. Околина на велешкото езеро „Младост“ е омилено рекреативно место на велешани и многубројни домашни и странски туристи. Експертите посочуваат дека последиците се големи и ќе треба да поминат многу години за боровата шума која пред 50 години доброволно ја засадија велешани повторно да се ревитализира.

Полицијата синоќа приведе четворица лица кои работеле со електричен алат под сомнение дека го предизвикале пожарот од искри на сува трева, кој брзо се прошири и зафати голема површина.

Total
0
Shares
Поврзани објави