Гавазова повика на протест пред Влада: Без музика, нема живот

На седми октомври (среда) со почеток од 14 часот пред Влдата ќе се одржи голем музички хепенинг со настап на најпознатите музички имиња од Македонија. Хепенингот ќе биде како мирен протест на македонската музичка естрада, видео продукциите, фото-видео студиа, бутици и сите засегнати страни од забраната за одржување на свадбените прослави и слично.

Поддршка за протестот даде една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, Сузана Гавазова, која зад себе има голем број хитови и албуми се огласи на социјалните мрежи по повод оваа тема.

Таа на нејзиниот профил на фејсбук  и поовика граѓаните да учествуваат на хепенингот и со тоа да дадат поддршка на музичарите и сите соработници на целата свадбена индустрија.

„Ве покануваме на голем масовен протест во име на 20 000 илјади засегнати заборавени граѓани и работници, кои достојно и макотрпно од дома ги следеа случувањата со Ковид вирусот, но за жал и возврат не добија шанса да работат по нормални услови и барања како сите останати гранки во државата“ се вели во повикот.

Според организаторите, целта на овој протест е да докажат дека постои огромна СЛОЖНОСТ помеѓу нив, дека во иднина многу посериозно ќе се борат за нивните права, а воедно и да ги претстават  нивните барања пред владата.

Попвикот е упатен до сите Мзичари, Угостители, Фото Студија, Цвеќарници, Игротеки, Салони за убавина, Фризерски салони, Танчери/Танчерки, Диџеи, Бутици за венчаници, Бутици за одела, Бутици за гардероб, Продавници за китенки и декорации.

На протестот повикани се да се приклучат и изнајмувачите на звук и светло, менаџери на ресторани и локали, слаткарници, продавници за Хемиско чистење, текстилни продавници, перални на ресторани и локали, фирми големи и мали за алкохол и храна, месарници и останати засегнати соработници на Свадбената Индустрија.

Total
0
Shares
Поврзани објави