Германски научници објаснуваат зошто некои вакцини предизвикуваат крвни згрутчувања

Научниците во студијата, која сè уште не е разгледана од други експерти, велат дека вакцините што користат аденовирусни вектори испраќаат т.н. шилести протеини до клеточното јадро, каде што некои од упатствата за создавање протеини на коронавирус може погрешно да се протолкуваат. Добиените протеини може да предизвикаат згрутчување на крвта кај мал број пациенти, сугерираат германските научници.

Научниците од Универзитетот „Гете“ во Франкфурт и на други места објасниле во својот труд дека вакцините со употреба на различна технологија, позната како гласничка РНК (mRNA), како онаа развиена од „Бионтек“ со партнерот „Фајзер“, како и „Модерна“, доставуваат генетски материјал на шилестиот протеин само во клеточната течност, а не и во клеточното јадро.

„Сите вакцини базирани на mRNA треба да бидат безбедни производи“, се вели во студијата.

Научниците и американските и европските медицински регулатори се обидуваат да откријат што предизвикува ретки, но потенцијално смртоносни згрутчувања на крвта, придружени со ниски тромбоцити, поради што некои држави ја запреа или ја ограничија употребата на вакцините на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

„Ние го поддржуваме тековното истражување и проучување на оваа ретка појава додека соработуваме со медицински професионалци и глобални здравствени власти. Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме и споделиме податоците веднаш штом ќе бидат достапни”, соопштија од „Џонсон и Џонсон“.

„Астра зенека“ одби да го коментира германското истражување.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави