Главната медицинска сестра и две други сестри дадоа отказ од Инфективна клиника

Три медицински сестри, меѓу кои и главната сестра денеска сите заедно си дале отказ од Инфективна клиника, известува Нова ТВ.

Порталот наведува дека главните причини што главната медицинска сестра ги истакнува во барањето за отказ е непочитувањето и дегардирањето на профилиот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим.

„Барам да ми го прифатите отказот од работа со претходна најава од месец дена во кој ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година“, објаснува во барањето доставено до Управата на Инфективната клиника во Скопје.

Покрај главната медицинска сестра, која 28 години работела на оваа клиника, отказ си дале уште 2 одделенски сестри. Едната е на одделот за Ургентна инфектологија, а третата од одделот за неуроинфекции.

Барањата за отказ доцна вечерта ги објави д-р Ненад Лазаров, кој на Фејсбук напиша:

„Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време“.

Отказите на трите медицински сестри доаѓаат во време на пандемија со коронавирус кога Инфективната клиника заедно со ГОБ “ Септември“ се столбот и го понесоа најголемиот товар со лекувањето на пациентите со Ковид-19.

Во текот на утрешниот ден се очекува раководството на клиниката да објасни што се случува таму и која е причината за заминувањето на искусен медицински кадар на сред пандемија со коронавирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави