Грчки борбени авиони го надлетаа македонското небо

Грчки борбени авиони денеска за прв пат со дозвола од македонските власти го прелетуваат нашето небо. Станува збор за два прелети од 7.30 до 9.30 часот како пробно тестирање во рамки на НАТО-договорот, според кој одредена земја го чува небото на друга членка доколку таа ги нема потребните ресурси за тоа.
Прелетувањето на македонскиот воздушен простор е за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ а на тестот ќе се изврши проверка на комуникациите и радарската покриеност. Инаку грчките ловци, според договорот на двете владини делегации во Скопје, ќе го чуваат македонското небо штом Македонија ќе стане полноправна земја-членка на НАТО.
– Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност. – соопшти Министерството за одбрана.
Инаку „Air Policing“ е мирновремена мисија.

Total
0
Shares
Поврзани објави