Хроничните болните бараат потврдите да ги издадат матичните лекари

Хронично болните пациенти бараат од владата потврдите за неодење на работа да не ги изададат специјалистите затоа што нема слободни термини, туку матичните лекари, кои ја имаат комплетната историјата на болест.

„Бараме да ни се продолжи физичкото отсуство од работа на хронично болните лица со потврдите од матичен лекар, се додека трае пандемијата со коронавирусот, притоа тргнувајќи од почитување на основното право пропишано и во Уставот – правото на живот.“, велат хронично болните.

Според владината одлука, хронично болните пациенти кои немаат компликации, требаше на своите работни места да се вратат денеска. Сепак, поради проблемот со добивање потврда, рокот беше одложен за уште девет дена.

Ако специјалист не ги ослободи до пролонгираниот рок на 23 септември, тогаш доневите што нема да одат на работа ќе им бидат или одземени од годишните одмори или ќе добијат откази поради непојавување на работа.

Од Министерството за здравство негираат дека термини нема, но оставаат простор рокот за потврди повторно да се пролонгира.

„Преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин се обезбедени дополнителни термини за оние специјалности за кои Министерството сметаше дека ќе бидат најпобарувани и тоа: пулмологија, кардиологија и интерна медицина, но термини има и за сите останати специјалности. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.“, велат тие.

Total
0
Shares
Поврзани објави