И на детска ќе се лекуваат возрасни ковид пациенти, итната медицинска помош бележи зголемен број на повици

Болнички кревети се помалку, а се повеќе установи стануваат ковид центри. Состојбата со приеми е веќе критична и на стенд бај да ги отвори вратите за возрасни со Ковид-19 е и Клиниката за детски болести. Според информации на Сител, два оддели се преадаптирани за прием на болни, а во установата веќе има десетина деца кои поради компликации од корона лежат во болнички соби заедно со родителите. Здравствениот персонал се подготвува со обезбедување на неопходната заштитна облека како и боци со кислород. Останатите мали пациенти со малигни заболувања и други имунолошки состојби според објаснувањето на надлежните биле изолирани и нема да имаат контакт со вирусот. 

На сите Клиники каде има преадаптација на просторот и отворени се ковид оддели истите се физички одделени од таканаречените зелени зони каде се лекуваат пацинети од редовните болнички програми, велат од МЗ.

Директорката Аспазија Софијанова за Сител ја потврди информацијата, но без конкретни детали бидејќи чекаат насоки од Министерството за здравство. 

А дека се повеќе станува алармантно покажувт и бројот на повици во скопската брза помош. Многу тешки пациенти носат во болница. 

-Ако порано имаше 10 до 20 проценти од повиците, сега веќе имаме 40 проценти кои се ковид пациенти. Сега многу побрзо се влошува состојбата и многу повеќе се и помлади. Со висока фебрилност, проблеми со дишење и ниска сатурација е знак за хоспитализација, вели др. Марина Сотировска од Брза помош – Скопје.

Изминатото деноноќие во главниот град имало 65 приеми во ковид центрите, а во моментот слободни има само 60 места. Бројот на хоспитализирани во државата стигна до 1739. 

Во земјата е регистрирана и многу висока стапка на смртност поради компликации од вирусот. Првите три дена од април, 124 граѓани ја изгубиле битката. Колку за споредба, во 70 милионската Велика Бритнаија во истиот период регистрирале 113 смртни случаи.

извор: Сител ТВ

Total
0
Shares
Поврзани објави