Инспекторите растуриле свадба во Струга

Пазарни инспектори во Струга упаднале на свадба и ја растуриле, а на сопственикот на угостителскиот објект му поднеле кривична пријава и парично го казниле, пишува порталот А1Он.

За време на интервенцијата, инспекторите биле пцуени и колнети, но не подлегнале на притисокот, изјавил директорот на инспекцијата, Стојко Пауновски.

Тој додава дека инспекторите не се плашат и ќе постапат против секого без разлика чив е угостителскиот објект.

„Угостителот бил предупреден претходно. Кога вчера била затекната свадбата, организаторот велел дека имал притисок од тие што ја правеле свадбата и не можел да одбие. Но, ние моравме да постапуваме“, вели Пауновски.

Според него, инспекторите најчесто добиваат закани и притисоци од државни функционери што имат угостителски објекти.

„Притисокот доаѓа од полицајци, началници, директроти кои се сопственици или имаат удел во објектите каде констатираме неправвилности. Ние немаме проблем со обичните луѓе. Ние поднесуваме до судот, а тој понатаму треба да одлучи“, истакнува Пауновски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави