Средношколците ќе протестираат против онлајн наставата

Сојузот на средношколци в петок, наредната недела најави протести против одлуката на Министерството за образование новата учебна година од септември поради пандемијата со коронавирусот да се одвива онлајн. Протестот е предвидено да започне од министерството, а ќе заврши пред Владата, каде што тие ќе ги упатат нивните барања.

„Здравјето е пред се и ние не настојуваме на настава со физичко присуство“ велат оттаму. Тие изготвиле и свој предлог-план и протокол за од идниот месец. Во него, една од главните точки е здравствените власти да разгледуваат одделно по региони каква е епидемиолошката слика на вирусот, а потоа да одлучат како да се спроведува наставата во различни места.

Средношколците сметаат дека сите нивните предлози и забелешки се игнорирани од Министерствоо за образование кога се носела одлуката за онлајн настава. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави