Институтот за демократија бара владата да не именува партиски кадри за директори

Новите директори на државните институции да се избираат според стручност, а не по принцип на лојалност кон партијата, апелира Институтот за демократија (ИДСЦ) во писмо упатено до премиерот Зоран Заев.

Од Институтот се разочаран од веста дека на наредната владина седница ќе почне именувањето на лица за раководители на неколку јавни институции.

„Граѓаните го заслужуваат најдоброто од човечкиот потенцијал со кој располага земјата. Затоа е исклучително важно при изборот на раководни лица да се овозможи јавна и компетитивна процедура, каде што ќе се пријават повеќе кандидати“, вели ИДСЦ.

Тие сметаат дека само со натпревар може да им се пружи шанса на непартиски кадри да раководат со институција и да и помогнат на државата со своето знаење и стручност.

„Ако сакате да го спречите иселувањето на најстручните, ќе им дадете шанса да се покажат и во земјава. Во спротивно, тие ќе си најдат друга земја каде што ќе се ценат нивните вештини и знаење. Цената сите ќе ја платиме, со помалку квалитетни услуги за граѓаните“, предупредува Институтот.

Според нив, треба да се направат законски измени со кои Владата ќе ги има сите инструменти за да направи правилен избор со јасни, јавни и фер процедури.

Total
0
Shares
Поврзани објави