Иванов ја потпиша амнестијата, партијата на Села ќе ја руши пред Уставен

Претседателот Иванов го потпиша Законот за амнестија и тој е објавен во Службен весник.

Со тоа почнаа да течат петте дена за сите кои сметаат дека треба да поднесат барање за добивање амнестија.Оние пак кои нема да го сторат може да продолжат својата невиност да ја докажуваат во судска постапка.

Законот се однесува на амнестија на обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април. Според тоа, нема да бидат амнестирано организаторите и подготвувачите на нападот, оние кои извршиле насилство, оние кои носеле фантомки и оружје.

Алијансата за Албанците најави дека Законот ќе го оспори на Уставен суд.

Total
0
Shares
Поврзани објави