Претседателот Ѓорѓе Иванов по повод Нова Година помилува 25 затвореници. Списокот денеска е објавен во Службен весник и според него на списокот има три жени на кои им се скратена казната од по 3 односно шест месеци. Едната од нив оваа година добива намалување по втор пат.
Останатите 22 се мажи од кои најмногу помилување од осум месеци добил затвореник од Скопје , а најмалку или два месеци скратување на казната добил затвореник од Прилеп.
Списоците за помилување на Претседателот со години се критикувани од јавноста поради чудниот начин на кој исти затвореници добиваат и по два пати помилување. Оваа година и покрај констатациите на домашните и странските експерти дека условите во затворите се катастрофални и пренатрупани Иванов помилува само 25- мина.
Related Posts
30 дена притвор за Моника Конопова активистката за легализација на марихуана за лек
Моника денеска попладне беше изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, кој го…
Агим Красниќи избега од затворот во Штип?
Кондовецот Агим Красниќи од вчера е во бегство, тој не се вратил во затворот во Штип по викендов,…
Јанева не е во хашкото одделение во Шутка
Специјалната обвинителка Катица Јанева не е сместена во хашкото одделение во затворот Шутка за да нема контакт со…
Од протестот на затворската полиција, пред Правда ги пречека министерската Рената Десковска
https://www.facebook.com/ile.zupanoski/videos/2693398900686148/