Со ќебиња и чорапи се обеси затвореник осуден дека со сукало ја убил сопругата

Една година по свирепото убиство на својата сопруга, се самоуби битолчанецот И.Д (54) години, кој утрово во 6 часот е пронајден обесен во притворското одделение во затворот „Црн мост“ во Битола, пренесува порталот apla.mk. Него го пронашол вработен во затворот по што била повикана Брза помош која само ја констатирала смртта.Бил обесен со јамка направена од чорапи и ќебиња.
Телото на починатиот е дадено на обдукција. Затвореникот беше осуден на 40 години затвор и ја чекаше одлуката на Апелациониот суд каде се жалел на пресудата.
И.Д лани на 14 март во нивниот дом во Битола, ја уби сопругата и како што информиравме според податоци од полицијата на крајно свиреп начин, удирајќи ја со сукало по главата, при што и нанаел смртоносни повреди.
На убиството претходела семејна расправија. Сопружниците имаа пет годиишно дете кое за време на кавгата и убиството било дома. И.Д не го признал убиството за време на судскиот процес, а Основниот суд во декември лани му изрече 40 годишна казна затвор која сеуште не е правосилна .

#извор : apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави