Избори во Албанија: Маж со клашников на гласачко место , Рама со кратки пантолони и високи чорапи

53-годишен маж со калашников влезе на избирачко место во Драч, со чел да го попречи изборниот процес, пренесува Albeu.com.

Полицијата открива дека станува збор за лицето Рамиз Баканачи, кој се обиде да го оневозможни галасањето на едно од избирачките места во Драч.

Во соопштението од МВР на Албанија стои:

Осомничениот влезе со оружје на избирачкото место, му се заканувал на комисијата, ги искршил гласачките кутии, но беше уапсен од полициските сили.

Полицијата го заплени оружјето марка калашников.

Во Албанија денеска се одржуават локални избори, кои опозицијата ги бојкотира, а на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на Еди Рама. Тој на гласачко место се појави необично облечен со кратки пантолони високи чорапи и сако.

Total
0
Shares
Поврзани објави