Изгласана недоверба на албанскиот претседател Илир Мета

Албанскиот парламент денеска изгласа недоверба на претседателот Илир Мета, пренесуваат албанските медиуми.

Со 104 гласа „за“, седум „против“ и два воздржани, албанскиот парламент изгласа смена на претседателот, што е прв пат во историјата на Албанија.

Сега, судбината на Мета ќе зависи од тоа дали Уставниот суд ќе ја потврди оваа одлука или не, што мора да се случи најдоцна во следните три месеци.

До гласањето за доверба на Илир Мета дојде по иницијативата на 55 социјалистички пратеници (партијата на Еди Рама) и истрагата на Специјалната комисија, чиј дел беа и пратениците од парламентарната опозиција.

Специјална парламентарна комисија во истрагата утврдила дека Мета треба да биде отстранет поради кршење на Уставот. Во извештајот на комисијата се наведува дека Мета прекршил 16 члена на Уставот пред општите избори во Албанија на 25 април, анализираат медиумите.

Сите 49 пратеници на владејачката Социјалистичка партија побараа истрага од парламентот, тврдејќи дека претседателот го прекршил Уставот пред и за време на изборната кампања не гарантирајќи го националното единство, туку поддржувајќи ја опозицијата на која тој и самиот политички припаѓа.

Мета ги осуди истрагата и обидот да се отстрани, тврдејќи дека се незаконски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

НОВА АУДИО БОМБА ОД КОНГРЕСОТ на СДСМ- делегатот Митревски од Центар: Го сменивме Стојко Пауновски затоа што работеше по словото на законот

Не само Радмила Шекеринска, туку и Владимир Митревски, делегат на Општинската организација на СДСМ во Центар, на вчерашниот…
Повеќе

Во август поскапува струјата?

Енергетските компании веќе ги доставиле пресметките до Регулаторна и побарале поскапување на струјата, па сега таа треба да…
Повеќе

Парно ќе има !

Проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на…