Изолација за сватовите од свадбата на внуката на Бајрам

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, доктор Александар Стојанов препорачува сите гости на свадбата на внуката на Амди Бајрам во Истанбул да бидат изолирани дома.

Стојанов открива дека работат со фамилијата на Бајрам да ги дознаат сите контакти.

„Сите групирања се забранети, погребот по протокол би требало да се спроведе без церемонии и со најмногу 10 луѓе, не да се прават циркузи. Добро е сите да одат во изолација од свадбата, особено оние што се гушкале, биле во близок контакт, изјави Стојанов за Слободен печат.

Семејството на Бајрам преку Фејсбук повика масовна поворка да присуствува на испраќањето на политичарот до вечното почивалиште во градските гробишта Бутел, со почитување на мерките за заштита.

Тие објаснуваат дека нивниот роднина починал од мозочен удар а не од коронавирус и дека пред семејната куќа ноќеска имало многу луѓе, но на дистанца и со маски.

Total
0
Shares
Поврзани објави