Јанакиески : Не можете по магарето, урдете по самарот

– Не можете по магарето, удрете по самарот, рече денеска Миле Јанакиески во судница каде од притвор е донесен за судењето за уривање на Космос на Фијат Цаноски. Во истиот предмет обвинет е и Никола Груевски за кого четворица адвокати се појавија во судницата.

Обвинителот од СЈО побара судот да му одреди мерка притвор на Груевски за овој предмет именуван како ТНТ, бидејќи пратеникот е недостапен и предложи и да му се суди во отсуство.

Одбраната го оспори барањето со образложение дека Груевски е оправдано отсутен, не може да дојде на ова рочиште, бидејќи ја напуштил Македонија за да бара азил.

Total
0
Shares
Поврзани објави