Јапонија прогласи вонредна состојба во целата земја поради влошената состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот. Како што објави синоќа Би-Би-Си, мерката, која ќе биде во сила до 6 мај, им овозможува на регионалните власти да побараат од луѓето да останат во домовите, но не предвидуваат казнени мерки. Пред еден месец, премиерот Шинѕо Абе воведе вонредна состојба во седум префектури. .Како што се зголемува бројот на заразени лица, се зголемуваат критиките во земјата за начинот на кој Абе одговори на кризата. Една неодамнешна анкета на јавното мислење покажа дека 75 проценти од Јапонците веруваат дека Абе предоцна прогласил вонредна состојба во Токио, кој е најтешко погоден од епидемијата.
Поврзани објави
Гевгелија останува со 2 позитивни на Ковид-19
Гевгелија останува со бројката од 2 полициски службеници, позитивни на Ковид-19. Денеска пристигнаа сите резултати од 170 тестирања,…
Проф. Трајковски: Во наредните 15-20 дена не влегувајте во било какви затворени простории со многу луѓе
Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на заболени и…
Во Индија со повеќе од 24 милиони заразени, мутираниот вирус се шири низ целиот свет
Бројот на регистрирани случаи на ковида-19 во Индија денес се искачи на повеќе од 24 милиони, во услови…
Алармантно, над 1400 новозаразени со коронавирусот
Во последните 24 часа се направени 3.398 тестирања, а регистрирани се 1406 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозараени…