Kој ќе ги исплати штрајкувачите од СОНК? – правно мислење

Околу први во месецот се подготвуваат платите за просветните работници, а на 15-ти мај треба да ги добијат. Но, прашањето е од кого? Министерката Тренчевска веќе изјави дека СОНК треба да ја исплати нето платата, а Владата придонесите. СОНК пак повикувајќи се колективниот договор за основно образование велат дека работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајк во висина од основната плата на работникот, доколку синдикатот организирал штрајк заради кршење на правата на работниците утврдени со закон.

Aдвокатот Др. Мимоза Салтирова појаснува дека вели дека е исполнет условот за Владата да ги исплати платите, бидејќи штрајкот е заради кршење на работничките права. Во продолжение нејзиното толкување на Законот.

Во Законот за работни односи во Член 206 е наведено дека: (1) Со колективните договори се уредуваат правата и обврските на договорните страни кои го склучиле тој договор, а може да содржи и правни правила со кои се уредува склучувањето, содржината и престанокот на работните односи и други прашања од работните, односи или во врска со работните односи. (2) Правните норми содржани во колективниот договор се применуваат непосредно и се задолжителни за сите лица на кои, во согласност со одредбите на овој закон, се применува колективниот договор. Член 208 не упатува на фактот дека: (1) Колективниот договор ги обврзува сите лица кои го склучиле и сите лица кои во времето на склучувањето на колективниот договор биле или дополнително станале членови на здруженијата кои го склучиле колективниот договор. (2) Колективниот договор ги обврзува и сите лица кои му пристапиле на колективниот договор и сите лица кои дополнително станале членови на здруженијата кои пристапиле на колективниот договор. (3) Поединечниот колективен договор ги обврзува – важи и за работниците кај работодавачот кои не се членови на синдикат или на синдикатот – потписник на колективниот договор. Оттука неспорна е примената на Член 240 кој се однесува на Придонеси од плата, а гласи: На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите. Надоместок на нето плата за време на штрајк од организаторот на штрајкот.

Но, за јавноста стана спорна одредбата во врска со толкувањето на Член 241 кој гласи: Организаторот на штрајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот. Но, согласно погоренаведените одредби од ЗРО, каде неспорно може да се утврди дека целта на колективните договори се давање на поголеми права за работниците од оние определени во законот, јасно и недвосмислено се потврдува примената на Член 54 од КД кој се однесува на Остварување на правото на штрајк, а е во врска со исплата на платите на работниците, и истиот гласи:

Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот во висина од основната плата на работникот, доколку синдикатот организирал штрајк заради кршење на правата на работниците утврдени со закон, колективен договор или акт на работодавачот. Работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците. Што значи тука е исполнет условот на кој упатува ст.1 од член 54.

Имено, во завршните одредби од КД во Член 101 е наведено дека: Овој Колективен договор пред објавувањето се регистрира во Министерството за труд и социјална политика. Што значи дека ресорниот министер како страна која пристапува во преговори со претставник на гранков синдикат го потпишал предметниот Колективен договор.

Оттука, не постои дилема кој треба да ја исплати платата на работниците- работодавачот.

Total
16
Shares
Поврзани објави