Kрал Чарлс Трети официјално прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска

Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција.

Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“.

Во Велс, третиот баталјон на кралскиот велшки полк беше придружуван на церемонијата на крунисување од коза, која е „талисман“ на баталјонот.

Total
31
Shares
Поврзани објави