Кацарска и официјално предложена за Уставен судија

Судскиот совет едногласно одлучи да ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов Уставен судија.

Сите 12 членови на Советот гласаа за предлогот, кој ќе биде препратен до Собрание, а пратениците ќе треба да ја изберат на функцијата.

Претседателот на Судскиот совет Ќиро Здравев посочи дека немало политичко пазарање околу Кацараска и дека е предлог единствено како професионалец и добар судија.

Здравев е уверен дека Собранието ќе ја избере Кацарска за уставен судија иако нема поддршка од ВМРО ДПМНЕ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Рекет се суди незаконски?

Бранителот на првообвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски рече дека моменгалниот состав на судечкиот совет во “Рекет” е незаконски.…