Условни казни за насилство на 27ми април преиначени во затворски

Апелацискиот суд ги преиначи првите девет условни казни за насилство во Собранието на 27 април, во ефективен затвор. Девет обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите истиот месец им пресуди условни казни.
Обвинителството ги обжали пресудите, а Апелација условните ги преиначи во ефективни затворски казни и сите девет лица, ќе треба да одат во затвор.
Меѓу осудените највисока казна доби Димче Христовски викан Жабата кој беше осуден на една година и шест месеци условен затвор.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави