Камчев, Панделевски и Јосифовиќ пуштени од домашен притвор

Бизнисменот Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрага на СЈО „Империја“, денеска излегуваат од куќен притвор по одлука на Врховниот суд. Одлуката, како што јавува „Фокус“, била донесена уште во петокот, а се очекува во текот на денот и официјално да биде потврдена од Врховниот суд.

Ова значи дека Врховниот суд ги прифати жалбите на осомничените. Се очекува жалба до Врховниот суд да поднесе и осомничениот Сашо Мијалков, кој исто така е во куќен притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

За перење на над девет милиони евра во случајот „Поштенска банка“, обвинение за екс градоначалникот на Кочани и соработници

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд-Скопје достави обвинение против девет лица…