Русковска: Никола Груевски осомничен за главен организатор на крвавиот четврток

Од давање наредба за предистражна постапка од крајот на ноември до денес се работеше на откривање на организаторите на 27 април откри денеска шефицата на обвинителството за борба против порганизиран криминал Вилма Русковска. Поради презумцијата на невиност таа не го кажа целото име но по прашањата на новинарите одговори споменувајќи го со иницијали организаторот и која била улогата на синоќа притворените високи партиски функционери од ВМРО – ДПМНЕ, ноќта на крвавиот четврток.

Во наредбата за истрага стои дека Груевски како претседател на политичка партија ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите Ристоски и Јанакиески за таа цел ја ставиле во функција целата партија. Цело време имало координација меѓу него и двајцата осомничени кои ги координирале сите комитети и се давале насоки и се повикувало членството да протестира. Има и пораки кои се обезбедени како докази од телефонска комуникација. До судот ќе бидат испратени докази и ќе се бара екстрадиција. Екстрадиција ќе се бара и за Горан Бошкоски кој побегна  во Грција и не беше екстрадиран оти беше амнестиран , но за ова дело нема амнестија и се очекува екстрадиција, појасни обвинителката Вилма Рускоска.

На прашање дали требало постапката обратно да биде најпрвин организаорите па извршителите да се гонат , а не да се отвора истрага пред пресуда за извршителите, обвинителот Љубомир Јовески појасни дека прво не бил извршен увид, требало време за вештачење на телефони и била потребна подолга истрага.

Засега се осомничени петмина, доколку има нови докази освен изјава на обвинет или сведок истрагата може и да се прошири.

 

 

Total
0
Shares
Поврзани објави