Караџовски: Јас и мојата фамилија ниту сме биле, ниту ќе бидеме мафијаши

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски денеска ги отфрли сите обвинувања во јавноста во врска со нивната работа.

Караџовски тврди дека во Комисијата членува од 1994 година, а во неа има исклучително професионалци од областа.

„Бевме обвинувани дека сме земале грдни пари, сме биле криминалци, мафијаши, дури сме се продавале за ситни пари. Бидејќи ова во срце ме чепна, јас и мојата фамилија ниту некогаш сме биле, ниту ќе бидеме мафијаши, ниту ќе бидеме корумпирани“, истакна Караџовски.

Тој рече дека не дозволува влакно да и фали на Комисијата, ниту на нивните семејства.

„Ми кажаа дека имам баснословни пари. Имам автомобил паркиран тука, 18 години стар. Викаат дека сум корумпиран, нека дојде некој да ми покаже дали овој господин (Венко Филипче) ми потпишал нешто за да земам повеќе пари. Ние од Комисијата сме чисти како солза“, смета Караџовски.

Според него, Комисијата одржала 132 состанока и имаат аргументација од 50 страни, факт кој треба да го знае јавноста.

Total
0
Shares
Поврзани објави