Карантин не ни бега следната недела

Поради големите бројки на заразени, Комисијата за заразни болести сериозно размислува следната недела да предложи заострување на мерките за справување со пандемијата. 

Комисијата не ја исклучуваат и можноста за ограничување на работата на угостителските објекти, но и можни мерки за карантин и ограничување на движењето, нешто што беше исклучено претходно како можност од министерот за здравство, Венко Филипче поради лошите последници што таква мерка би предизвикала врз домашната економија.

Ако се воведува ограничување на движењето голема е веројатноста тоа да се однесува само за градовите каде што има висока стапки на заразени од Covid 19.

Ставот на комисијата е јасен, а тоа е дека треба да има сериозно заострување на мерките, но дилемата е дали тие острите ќе ја поминат владината процедура и ќе останат само на најава. Таков пример беше со идејата за ограничување на бројот на лицата кои во еден момент може да бидат во затворена просторија, односно домот. Имајќи ги предвид статистичките податоци, комисијата секогаш предлага издржани мерки, така ќе биде и овој пат,  изјавил за Скопје Инфо член на Комисијата за Заразни Болести.

Според последните податоци Скопје и понатаму е на врвот по бројот на заразени, каде само во последните 24 детектирани се регистрирани 303 нови случаи.

Total
0
Shares
Поврзани објави