Катица си оди дома

Телма дознава дека Катица Јанева ќе оди во куќен притвор во станот на синот во Скопје.

Апелациониот суд за да ја донесе ваквата одлука пред себе го имал имотниот лист од овој стан, но и ја ценел здравствена состојба на екс специјалната обвинителка, околностите дека може да се обезбеди од дома, дека веќе има обвинение, но и ја одзел и патната исправа а државата не смее да ја напушти ниту со лична карта.

Сега Јанева има и забрана да комуницира со луѓето инволвирано во случајот Рекет. Директорот на затворот Есад Рахиќ за Телма вели дека решението на апелациониот суд се уште не е стигнато кај нив, но доколку стигне тогаш тие ќе го спроведат.

извор: Telma.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Боки 13 останува во притвор

Апелациониот суд ја одби како неоснована жалбата на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, со што го…