Кацарска в понеделник нема да му пресуди на Заев

Случајот Поткуп по повеќе години работа промена на судии и обвинители стигна до пресуда. Денеска обвинението против Зоран Заев е сменето од примање поткуп во полесно кривично дело за што обвинителството побара казна. Поради промена на делото и помалата предвидена казна од петчлениот судки совет заминува судијата Добрила Кацарска и останува само судија поединец да ги разгледа доказите и да донесе пресуда која ќе биде соопштена во понеделник. Судијата Дарко Тодоровски појасни дека во овој случај нема да важат ниту доказите обезбеди со примена на Посебни истражни мерки и дека за нив судот ќе се произнесе при соопштување на одлуката.
Зоран Заев и неговите бранители веќе имаат поднесено пријави за обвинителите кои претходно го работеа случајот за што дополнително ќе треба да се произнесе Советот на јавни обвинители.

Total
0
Shares
Поврзани објави