Доживотна казна затвор за маж кој ги уби сопругата и нејзината мајка

Прилепчанецот Н.П. (52) е осуден на доживотна казна затвор, за двојно убиство и два обида за убиство, што се случија во јануари минатата година, на улица „Александар Македонски“ во Прилеп. Осудениот ја убил својата сопруга и нејзината мајка, а се обидел да ги убие братот и снаата на сопругата. Целата крвава драма се случувала пред очите на неговиот малолетен син. Според вештачењето, осудениот бил пресметлив.

„Осудениот има право на жалба во рок од 15 дена до Апелациониот суд во Битола. Продолжен му е притворот во затворот во Скопје, до почеток на издржување на затворската казна“, изјави судијата Жарко Велески, задолжен за комуникација со медиумите.

Осудениот имал подолг период нарушени односи со сопругата. Тоа било причина што таа го напуштила и се вратила кај своите родители. Кобниот ден братот на сопругата, тукушто вратен со семејството од САД, се подготвувал за крштевка на синот.

Н.П. рано изутрината со пиштол во рацете влетал во нивната куќа. На лице место ја убил својата сопруга, а веднаш потоа нејзината мајка. Кога братот на сега починатата сопруга се обидел да го спречи во намерите да изврши следни убиства, дошло до физичка пресметка, во која се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп.

Судот во Прилеп, прв пат во својата практика изрекува доживотна затворска казна.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави