Кога власта не сака, граѓаните сами спречија изградба на мала хидроцентрала

Движењето „Да ги одбраниме реките на Стара Планина“, еколошките здруженија и мештаните во Србија сами спровоа акција на отстранување на цевководите на малата хидроцентрала на Ракитска река, за која имало решение за отсранување на цевководот.

Намерата била од реката да се извадат цевките, но поради недостаток на механизација, акцијата е реализирана така што е оштетен дел од цевоводот кој се наоѓа околу 500 метри под зафатот на реката.

Граѓаните велат дека се одлучиле на овој чекор откако изминал период од една и пол година од донесувањето на правосилното решение на Републичкиот инспекторат за заштита на животна средина, со кое на инвеститорот му се наложува да го отстрани цевководот, а теренот да го врати во првобитна состојба.

Тоа не само што не е направено, туку инвеститорот продолжил да гради. Активистите истакнуваат дека и натаму ќе продолжат со борбата за зачувување на реките, а дека посветеноста носи и резултати покажува новиот просторен план на Град Пирот, во кој неодамна се избришани сите потенцијални локации за изградба на мали хидроцентрали во заштитеното подрачје на Стара планина, во наредните 15 години. Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts