Која е Lide Lide што среде Корона се вљуби во министерот Филипче?

Колку што се страшни пресовите на министерот за здравство Венко Филипче, со оглед на тоа што го соопштува, толку се и интересни пораките што од Фејсбук профилот ги праќа Lide Lide. „ Која е таа? Вистина ли е вљубена во министерот?, Лажен профил е! Машко е. Од Кичево е. Од Скопје е. Од Битола е… Илјада прашалници кај луѓето кои, како што едвај го чекаат пресот на Филипче, така ги чекаат и нејзините коментари. ММС тргна во потрага по Лиде и стаса до скопјанката Лидија, која за да не ја растури магијата, не сакаше да го каже јавно своето презиме.

-Лиде е Лидија,  обична девојка ид 38 години од Скопје, што сака многу да се шегува. Во секоја ситуација, па дури и на црните ситуации сакам да гледам со доза на хумор, па и црн хумор да е, нека е, вели Лидија и додава:

„Приказната со министерот почна кога јас со две другарки, со кои сум постојано на чет, си пишувавме и едната рече: Чекај Филпче има прес, дај да чуеме што ќе каже. И јас и реков абе сите се многу сериозни и со намуртени фаци, дај малку позитива да внесам, не можам веќе со луѓево негативци. Им велам, јас сега ќе пипшам нешто.“

И така тргнало, досега има напишано  околу девет коментари до Филипче, од кои повеќето се со покана за на кафе.

-Првиот коментар помина незабележително. Пишав: „ Венко да ти кажам дека си ми симпатија“. После пак пишав нешто, но и тоа остана незабележително. И после се навлековме.  На еден прес го гледам како збори  и му пишав: „Колку повеќе ве гледам толку повеќе сакам да седнам на кафе со вас“.  И тоа пројде, одеднаш стана бум. Почнаа луѓе мене да ми пишуваат, некако им бев светла точка во сите лоши работи кои се соопштуваа.  После почнаа да ме барат низ коментарите и почнав да се смеам сама на себе.  Си велев, чекај па, зарем имам обврска да пишувам, открива Лиде.

Приказната со вљубената Лиде и министерот Филипче од Фејсбук се префрли на сите социјални мрежи, па за оваа „љубов“ се коментираше и на Инстаграм и на Твитер.

-Јас немам профил на Инстаграм и Твитер, само Фејсбук и другарките ми кажуваа колку муабетов се проширил по социјалните мрежи. Понекогаш ми доаѓа инспирација за пишување, понекогаш не. Ете за Велигден стопирав малку.  Некои од работа дознале, па ми викаат да не го брукам работното место, ама јас си  си пишувам како слободен граѓанин.  Позитивна сум, и смачено ми  е од намќори, озборувања и злоба. Пројде Велигден, Филипче почна со самоизолација и ми дојде пак инспирација. А сите денови додека ме немаше во коментарите ми кажуваа дека луѓето ме барале. На другарка ми и викам- јас ке продолжам. Веднаш после Велигден пишав: „Господине Венко, Господ го воскресна Исус а вие ме воскреснавте мене“. И толку тебаше,  луѓето се нафатија. Почнаа да ми праќаат пораки со поддршка. Навистина се навлеков, една вечер не можев да заспијам, почнав да мислам, утре ќе има прес, што да напишам. Нема како да дознаам дали ми ги чита пораките. Знам дека е роден на 13 јуни и имам другарка која се разбира во хороскоп и ми вели: Тој е во знакот на близнаци, сигурно се смее, вели Лиде и за крај додава:

„Но, иако се почна од шега, морам да признаам дека станав сериозна со кафето ама па и министерот добро изгледа. Така да кафето си стои“, вели Лидија.

автор – Весна Миленковска извор: mmc.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави