Ковачев: Во Македонија немаат желба за напредок, има само прикаски

Македонскиот премиер Зоран Заев секогаш зборува со голем оптимизам и со голема надеж, се надевам дека е искрен, но до денес скоро и да нема резултати. Бугарија строго ќе се придржува до своите позиции. Од Скопје зависи почетокот на преговорите со Европската унија, вели европратеникот Андреј Ковачев, еден од најжестоките поддржувачи за членство на Македонија во евро-атлантските структури, во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

„Во Македонија немаат желба за напредок, има само прикаски. Тие ветуваат дека ќе ги решат проблемите во иднина, а од нас сакаат да продолжиме со безрезервна поддршка“, изјави европратеникот Ковачев, по повод декларацијата на македонското Министерство за надворешни работи за односите со Бугарија. Во него, новото раководство на македонското МНР наведува дека преку Договорот меѓу двете земји ќе бидат решени сите историски спорови“, додава Ковачев.

Total
0
Shares
Поврзани објави